logo
logo
logo

ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР - Разбиена сериозна криминална група

Vecer | 01.10.2026

ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР - Разбиена сериозна криминална група

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со вчерашната полициска акција во Прилеп во гостување на Радио Лидер истакна дека станува збор за разбивање сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.

- Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна криминална група којашто добар дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон - истакна Тошковски.

Министерот, како што се наведува во соопштението на МВР, информираше дека во текот на вчерашниот ден биле извршени околутриесетина претреси, а околу 21 лице ќе бидат опфатени во првичната кривична пријава која во текот на денот ќе биде процесуирана. Постапувањето продолжува по итна постапка и по наредба на јавен обвинител.

Според Тошковски, постојат основани сомненија дека дел од групата во изминатиот период дејствувала и на територијата на Грција, во областа на Халкидики и Калитеа, каде што се сомничи за сериозни кривични дела од областа на имотните деликти, меѓу кои и тешки кражби. Дел од групата, според информациите со кои располага истрагата, вршел криминални дејствија и на територијата на Шпанија. Едно од лицата кое било во куќен притвор во Шпанија побегнало оттаму, а сега е обезбедено од македонската полиција и соодветно процесуирано.

-Навистина станува збор за една сериозна организирана криминална група којашто, пак ќе повторам, многу години роварела не само во Македонија туку и во земји членки на Европската Унија и со една опсежна акција под координација на Јавното обвинителство, повеќе од година дена, пак ќе повторам, е работена оваа организирана криминална група - рече Тошковски.

Во рамки на истрагата постојат сомненија и дека одредени криминални дејствија биле потпомагани од полициски службеници кои споделувале информации со членови на групата. Поради тоа, во текот на акцијата биле извршени и неколку претреси кај полициски службеници за кои постои сомнение дека соработувале со дел од осомничените.

Тошковски информираше и дека член на најтесното семејство на еден од осомничените пред неколку месеци бил уапсен од француската полиција, откако во бункер во неговото возило биле пронајдени 10 килограми кокаин, за кои, според информациите што ги изнесе министерот, целта била да бидат донесени во Македонија.

При вчерашните претреси била пронајдена и готовина во износ од над 120-130.000 евра, а биле одземени и околу десет возила, меѓу кои две „Масерати“ и две луксузни возила „Ленд Ровер“. За едното од возилата постојат основани сомненија дека е поврзано со фалсификувана документација. Истражните дејствија продолжуваат и денеска.

Министерот потенцираше дека целта на истрагата не е само документирање и процесуирање на кривичните дела, туку и утврдување и одземање на имотот стекнат како резултат на криминални активности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk