Вчера во 12:00 часот во село Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Г.С.(45) од Грешница.
Од МВР информираат дека тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу селото Грешница и село Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.
По целосно документирање, против него ќе бидат поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата