logo
logo
logo

СДСМ Е ПАРТИЈА ВО РАСПАЃАЊЕ, оценува министерот Минчев

Vecer | 25.09.2026

СДСМ Е ПАРТИЈА ВО РАСПАЃАЊЕ, оценува министерот Минчев

Во делот од интервјуто во „Ноќно студио“ на 4ТВ посветен на актуелните политички превирања, министерот за јавна администрација Горан Минчев упати жестока критика кон својата поранешна партија, СДСМ.

„СДСМ во моментов е партија која што е во распаѓање… има национално предавничка улога и политика, дека е партија која што преку своите функционери, додека биле на власт, има силни коруптивни скандали и дека е партија која што сушност е гнездо на одредени функционери за задржување на својата можност за слобода“, изјави Минчев.

Тој оцени дека постојат две групи во партијата кои бараат промени, едната од внатрешноста на организацијата, а другата од поранешни функционери и сегашни критичари. „Дел од нив беа и практикуваа позиција од власт, а дел од нив на вистина не беа во никаква функција“, рече министерот, додавајќи дека вторите имаат поголем легитимитет да бараат смена.

Тој не пропушти да посочи и дека „многу од тие што велат дека се реформатори, може да ги видиме на разни журки во Дубаи, луксузни јахти, ресторани“, алудирајќи на дистанцирање на сегашното раководство од вистинските вредности.

Ваквите критики доаѓаат во период на сериозна анализа на внатрепартиските состојби во СДСМ и на политичката сцена воопшто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk