Мотивот за убиствата бил пари, она што е пострашно за убиството на малата Вања е што во случајот е вклучен и нејзиниот татко.
Според сознанијата, од страна на мајката имало продаден стан, и дека средствата од тој стан биле мотив на изнудата, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече Гаврил Бубевски во врска со случајот со убиствата на Вања и на Панче.
Бубевски кажа дека девојчето било грабнато во влезот на зградата.
Таткото на киднапираното па убиено 14-годишно девојче споделил со убијците информации кога и како Вања ќе излезе од дома, за организираната група од петмина да изнуди пари од мајката, извести денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Вања била грабната со возилото на исчезнатиот па убиен велешанец кој имал нерасчистени односи со еден од петмината осомничени.
„Токму со тоа возило е земена малолетничката и тоа во влезот од зградата односно од живеалиштето, откако претходно Според исказите на осомничените таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома“, рече министерот Спасовски.
Организаторот на убиството кој според сите наводи веројатно е добро познатиот на јавноста Палчо, кој министерот го нарече монструм, бил тој кој што пукал во неа.
„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27 .11, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил маллетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага после првата пријава за тоа стореното кривично дело. Можам да ветам дека ќе сторам се и јас и институцијата ова лице или овој монструм на кој му ја следиме трагата час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“ рече министерот Спасовски.
Тој извести дека ја следат трагата на организаторот кој избегал од државата прво за Белград , а потоа заминал за Бугарија. За его ќе биде распишана меѓународна потерница.
Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски објасни дека според исказите на приведените, организираната група решила да го убие девојчето, а потоа да бара пари од мајката. Точното време на убиството ќе се знае откако ќе ги добијат наодите од обдукцијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата