logo
logo
logo

ДРОН ВЛЕТАЛ ВО СТАН ВО КОЧАНИ И ГИ СНИМАЛ СТАНАРИТЕ ДОДЕКА СПИЈАТ - ДВА ПАТИ

Vecer | 18.09.2026

ДРОН ВЛЕТАЛ ВО СТАН ВО КОЧАНИ И ГИ СНИМАЛ СТАНАРИТЕ ДОДЕКА СПИЈАТ - ДВА ПАТИ

Мал дрон ноќта меѓу 10 и 11 септември направил два упади во стан во зграда на улицата Димитар Влахов во центарот на Кочани. Станарите пријавиле дека биле снимани додека спиеле, а случајот го истражуваат МВР и Јавното обвинителство, јави Канал 77.

МВР и ОЈО Кочани преземаат дејствија за откривање на сторителот.

Според изјавите на жителите, дронот влегол во стан во спалната соба преку отворената врата на терасата и ги снимал станарите додека спиеле. Звукот од пропелерите ги разбудил, а при обидот дронот да ја напушти собата се удрил во стаклото од вратата.

Во вториот случај, кратко потоа, дронот навлегол околу еден метар во спалната соба. При обид да биде срушен, успеал да побегне преку вратата на терасата.

Од Министерството за внатрешни работи за Канал 77 потврдуваат дека постои таква пријава.

„Од страна на полициските службеници се преземени мерки и активности, известен е јавен обвинител и доставено е барање до Агенцијата за цивилно возухопловство за проверка дали во наведениот период било пријавено користење дрон на подрачјето на Општина Кочани. Во тек е постапување по насоки на јавниот обвинител, а по добивање на дополнителни сознанија за случајот ќе биде доставено известување до ОЈО Кочани“, велат од полицијата.

Од Јавното обвинителство Кочани кратко информираат дека се преземаат дејствија за откривање на сторителот.

Дел од станарите на зградата велат дека, според нивното видување, случајот отвора сомнежи за две кривични дела – повреда на уставно загарантираната неповредливост на домот и неовластено снимање. Сепак, за евентуалната правна квалификација на настанот ќе одлучуваат надлежните институции по завршувањето на проверките и истрагата.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk