Засилени градежни активности се одвиваат на пругата кон Бугарија, на делницата од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени моста, од вкупно 29 мостови.
– Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26 полуизградени мостови од 1990-тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно – соопшти директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски и додаде дека вкупен прогрес на проектот е околу 40%.
Проекцијата до крајот на годинава е да се стигне до 50% реализација на проектот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата