logo
logo
logo

Амбасадата во Абу Даби повикува: ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ

Vecer | 03.03.2026

Амбасадата во Абу Даби повикува: ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ

Министерството за надворешни работи соопшти дека Амбасадата на Македонија во Абу Даби активно работи на организирање комерцијален лет за евакуација на македонските државјани, поради актуелната несигурна ситуација во регионот.

Граѓаните кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, се повикуваат да стапат во контакт со Амбасадата што побрзо на телефон +971 56 441 7532 или преку е-маил [email protected].

– Безбедноста на македонските државјани е наш највисок приоритет. Пријавените лица ќе бидат навремено информирани за сите детали и услови за безбедна евакуација – велат од Министерството.

Амбасадата и локалните власти во Обединетите Арапски Емирати координираат секој чекор за да се осигура безбедно и организирано враќање на македонските граѓани дома.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk