logo
logo
logo

Обвинителството поведе постапка

ИМА ДОКАЗИ! Виш обвинител ЗЕЛ МИТО за најмалку 4 предмети!

Vecer | 07.10.2026

ИМА ДОКАЗИ! Виш обвинител ЗЕЛ МИТО за најмалку 4 предмети!

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција.

Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk