Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, по повод потпишувањето на договорите за финансирање на третата делница од Коридорот 8, истакна дека со овој чекор се обезбедува целосна стабилност и поддршка за реализација на еден од најважните капитални проекти во земјата.
Во својата изјава, Димитриеска Кочоска ја нагласи улогата на меѓународните финансиски институции и партнерството со Европската Унија:
„Со овој документ создаваме услови за непречено продолжување на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата. Средствата за имплементација на третата делница се обезбедени со поддршка од нашите долгогодишни партнери – Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој кои уште еднаш ја потврдуваат својата поддршка за овој проект препознавајќи го неговото стратешко значење, како и нашата посветеност за негово успешно реализирање“, рече министерката Кочоска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата