logo
logo
logo

Повратен билет 150 ДЕНАРИ! ВОЗ ОД ПРИЛЕП ДО БИТОЛА, министерот Николоски најави промотивна линија

Vecer | 16.04.2026

Повратен билет 150 ДЕНАРИ! ВОЗ ОД ПРИЛЕП ДО БИТОЛА, министерот Николоски најави промотивна линија

Граѓаните од јуни ќе можат да патуваат со воз на релација Прилеп-Битола-Жабени. Министерот Николоски најави дека промотивниот повратен билет ќе чини 150 денари, овозможувајќи им на работниците и патниците навремено пристигнување додека траат градежните работи на автопатот. Оваа мерка е резултат на соработката со Македонски железници за олеснување на комуникацијата во Пелагонискиот регион.

„Работиме со Македонски железници-Инфраструктура и транспорт најдоцна до јуни да пуштиме меѓуградски воз кој би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени. Оние кои имаат дневна потреба за патување меѓу овие два града, а и оние кои работат во индустриската зона Жабени, да го користат возот. Ќе одиме со промотивна цена за повратна карта од 150 денари, што е најевтино што може да се најде на пазарот имајќи предвид дека паркинг некој би платил повеќе, да не зборуваме за бензин за возило“, рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk