logo
logo
logo

ПРАТЕНИЦИТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ЗУЛФИКАР ЗЕЈНУЛА

НОВ МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР - Собранието одлучува за Зејнула

Vecer | 24.07.2026

НОВ МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР - Собранието одлучува за Зејнула

Собранието денеска ќе одлучува за изборот на Зулфикар Зејнула за нов министер без ресор во Владата. Неговата кандидатура следува по неодамна постигнатиот коалициски договор меѓу Демократската партија на Турците и ВМРО- ДПМНЕ.

Демократската партија на Турците во актуелниот парламентарен состав има еден пратеник – Бејџан Иљас.

Во својата професионална кариера, Зејнула од 2021 до 2024 година ја извршуваше функцијата заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Претходно, од 2018 до 2021 година беше советник во Советот на Општина Гостивар, а од 2017 до 2021 година работеше во Правниот сектор на Демократската партија на Турците. Работно искуство има и во приватниот сектор, во компанијата „Хабиб транс“ ДОО.

За време на неговиот ангажман во локалната самоуправа бил член на повеќе комисии, меѓу кои Комисијата за верификација, избор и именување, Комисијата за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина, како и Коммисијата за правни и нормативни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk