Се реконструира ЈЗУ Здраствен дом Скопје поликлиника „Идадија“ во вредност од 31 милион денари. Проект за зголемување на енергетската ефикасност кој што е дел од енергетска ефикасност во јавниотт сектор, проектна единица при Министерството за финансии во соработка со Меѓународната банка за обнова и развој и Инвестициската рамка за Западен Балкан ( WBIF ).
„Грантот меѓу поликлиниката и минисстерството беше потпишан во декември 2025 година по што се спроведе постапка за јавна набавка, а во март се потпиша договорот со избраниот изведувач во вредност од 31 028 850 денари и започнала реализацијата на градежните работи“, информираат од финансии.

Поликлиниката „Идадија“ повеќе од четири децении функционирала со застарена инфраструктура, без соодветна термоизолација, дотраена фасадна столарија. со реализацијата на проектот се очекува значително намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија, пониски оперативни трошоци за установата како и подобри услови за работа и поквалитетна здраствена средина за граѓаните кои ги користат услигите на поликлиниката „ Идадија“, сублимираат од финансии.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата