logo
logo
logo

И ДЕЦА ПИЕЛЕ НЕБЕЗБЕДНА ВОДА, ВЕНКО ЗНАЕЛ, А МОЛЧЕЛ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 07.08.2026

И ДЕЦА ПИЕЛЕ НЕБЕЗБЕДНА ВОДА, ВЕНКО ЗНАЕЛ, А МОЛЧЕЛ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека додека бил министер за здравство, не биле преземени соодветни мерки за случаите со небезбедна вода за пиење во повеќе населени места низ државата.

Од партијата тврдат дека, според документи од извршени испитувања кои биле презентирани во јавноста, и за време на владеењето на СДС биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење, меѓу кои и во Гостивар.

Во соопштението се наведува дека, наместо решавање на проблемите, тогашните институции не презеле конкретни активности, ниту, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, имало разрешувања, истраги или повикување на одговорност на директори и градоначалници поврзани со овие случаи.

Од владејачката партија оценуваат дека денешните критики од СДС за состојбата со водата за пиење се неосновани и бараат Венко Филипче јавно да одговори какви мерки биле преземени во периодот кога тој бил министер за здравство, како и зошто, според нив, немало институционална одговорност за случаите со небезбедна вода.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ наведува дека граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и еднаков пристап кон одговорноста, без политичка селективност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk