logo
logo
logo

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СЕКОГО - Секој четврти граѓанин на товар на Фондот

Vecer | 21.04.2026

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СЕКОГО - Секој четврти граѓанин на товар на Фондот

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, денеска упати уверување до јавноста дека Македонија како социјална држава обезбедува здравствена заштита за секој свој граѓанин.

Како што рече тој, според законската регулатива, постојат бројни основи за осигурување кои гарантираат сеопфатност, а за оние кои се најранливи и не остваруваат никакви приходи, државата преку посебна програма на Министерството за здравство ги покрива сите трошоци за осигурување.

Како потврда за оваа социјална сигурност, Клековски нагласи дека во земјава моментно се регистрирани 1.836.000 осигуреници. Од оваа вкупна бројка, дури 470.000 лица се осигурани по основ на неостварување приходи.

Тоа практично значи дека секој четврти граѓанин на Македонија ужива здравствена заштита на трошок на државата, со што се елиминира ризикот од постоење на „неосигурани“ категории граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk