Денес e почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, уште еден значаен инфраструктурен проект и важен чекор кон нашата голема цел, целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, извести преку социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски
„Со реализацијата на проектите Кичево – Охрид, Гостивар – Букојчани, Тетово – Гостивар и Букојчани – Кичево, ја создаваме инфраструктурната основа за побрз транспорт, поголема безбедност, нови инвестиции и посилен економски развој на Македонија.
По години одложувања и изгубени можности, Македонија заслужува дела, а не изговори. Додека опозицијата продолжува со празни критики и политички препукувања, нашиот одговор се конкретните проекти што ќе им служат на граѓаните и на идните генерации.
Делата се нашата одлика, а развојот на Македонија е нашата обврска! Македонија се гради, се поврзува и оди напред!“, додава Мицкоски
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата