Премиерот Христијан Мицкоски објави модернизација на државните институции, најавувајќи набавка на сто нови современи возила кои комплетно ќе ги трансформираат јавните услуги и безбедноста во земјава!
Со оваа историска инвестициска офанзива, македонското здравство добива дури 100 нови амбулантни возила за брзата помош, додека за безбедносните сили се обезбедуваат 120 нови возила за полицијата и 124 нови возила за потребите на Армијата! Дополнително, Царината се модернизира со 26 специјализирани возила со поддршка од ЕУ, Македонска пошта добива 100 нови возила за подобра услуга, а за општините се обезбедуваат 65 мултифункционални комунални возила.
Како Влада, инвестираме во модернизација на институциите, подобри јавни услуги и поголема безбедност за сите граѓани, порача премиерот Мицкоски, подвлекувајќи дека целта е градење на посилна, поефикасна и современа држава за сите луѓе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата