logo
logo
logo

ОД ВИКЕНДОВ ЕКСТРЕМНО СТУДЕНО

Vecer | 16.01.2026

ОД ВИКЕНДОВ ЕКСТРЕМНО СТУДЕНО

Македонија од викендов влегува во нова, изразено студена временска фаза. Продор на ладен воздух од источен и североисточен правец ќе донесе забележително заладување, со нагласени мразеви во ноќните и раните утрински часови, особено во котлините и рамничарските предели.

Покрај ниските температури, повремено ќе има и слаби, локални врнежи. Дел од нив, поради студениот воздух, ќе преминуваат во снег, кој може да се појави и во пониските места и градовите. Сепак, метеоролозите засега не очекуваат создавање позначајна снежна покривка, бидејќи врнежите ќе бидат слаби и ограничени по обем.

Она што ја крева тревогата кај метео-јавноста е можниот развој на далеку поекстремно сценарио. Според актуелните метеоролошки модели, по 20 јануари постои реална шанса Европа, Балканот и регионот да бидат зафатени од многу посилен сибирски студен бран. Доколку ваквиот развој се реализира, температурите би можеле драстично да паднат, носејќи екстремно ладно и суво време.

Кога станува збор за снегот, прогнозите засега остануваат неизвесни. Иако инстинктивно се поврзува силниот студ со обилен снег, ваквите сибирски воздушни маси најчесто носат суво време, со мал или без значаен снежен потенцијал.

Станува збор за подолгорочни прогнози кои се подложни на промени. Затоа, граѓаните се повикуваат да ги следат редовните краткорочни метео анализи и најави, кои имаат значително поголема сигурност, со цел навремено и точно информирање за временските услови што следуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk