logo
logo
logo

ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЖРТВИ ОД СООБРАЌАЈКИ - „Безбеден град“ дава резултати!

Vecer | 24.09.2026

ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЖРТВИ ОД СООБРАЌАЈКИ - „Безбеден град“ дава резултати!

Во периодот јануари–август годинава во сообраќајни незгоди животот го загубиле 28 лица, додека во истиот период лани загинале 62 лица. Тоа се 34 помалку загинати лица, односно намалување од 35,42%, покажуваат податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни работи за првите осум месеци од 2026 година.

Истовремено, вкупниот број настрадани лица е намален од 4.731 на 3.868. Станува збор за 863 помалку загинати и повредени лица, односно намалување од 18,24%.

- Овие бројки се јасна потврда дека системскиот пристап во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот дава конкретни резултати, наведуваат од МВР.

Вкупниот број сообраќајни незгоди е намален од 5.485 на 4.840, односно за 11,76%. Бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици е намален од 82 на 54 или за 34,15%, додека бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди е намален од 594 на 528, односно за 11,11%.

Бројот на сообраќајни незгоди со телесни повреди е намален од 2.291 на 1.896 или за 17,24%, а бројот на сообраќајни незгоди со материјална штета од 2.518 на 2.362, односно за 6,20%. Бројот на лица со телесни повреди е намален од 3.949 на 3.116, односно за 21,09% или 833 лица. Бројот на лица со тешки телесни повреди е на приближно исто ниво – 686 во 2025 и 690 во 2026 година.

Значењето на овие резултати, како што истакнуваат од МВР, е уште поголемо ако се земе предвид дека со години бројот на жртвите во сообраќајот остануваше на високо ниво.

Во периодот од 2010 до 2025 година во сообраќајни незгоди годишно загинувале меѓу 116 и 198 лица, а во 2019 и во 2025 година биле регистрирани по 132 загинати лица.

- Тоа покажува дека подолг период не било постигнато суштинско и одржливо намалување на бројот на жртвите. Позитивната промена во 2026 година е резултат на интегриран пристап кој ги опфаќа системот „Безбеден град“, законските измени, засилените полициски контроли и континуираните превентивни активности, наведуваат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk