Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 16.9.2026 година (среда) до 19.9.2026 година (сабота), во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Доколку временските услови не ја дозволуваат дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата