logo
logo
logo

Мицкоски од Брисел: Да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања

Vecer | 18.12.2025

Мицкоски од Брисел: Да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања

Премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во работна посета во Брисел, каде што присуствуваше на Самитот на лидерите на ЕУ и државите од Западен Балкан.

-Западен Балкан географски припаѓа на Европа и логично е да заедно се интегрира во рамките на ЕУ. Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна бидејќи нашиот пат започна уште пред 25 години, но поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство. Како држава и како влада се поврзуваме да го испорачаме сето она коешто е потребно во овој процес, не поради самиот процес туку пред сè поради македонските граѓани, бидејќи тие тоа го заслужуваат, посочи премиерот.

Посочи дека очекува дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка.

-Напротив, очекуваме од нашите соседи поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од ЕУ и она коешто е најважно, да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања, посочи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk