logo
logo
logo

Во следните месеци ќе се пуштат НАЈКОМПЛИЦИРАНИТЕ 10 КМ ЗА СООБРАЌАЈ, две галерии се целосно завршени

Vecer | 25.07.2026

Во следните месеци ќе се пуштат НАЈКОМПЛИЦИРАНИТЕ 10 КМ ЗА СООБРАЌАЈ, две галерии се целосно завршени

Изградбата на автопатот Охрид - Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој и овој викенд врши увид во градежните активности.

- Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение.

Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.

Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но веќе се гледа крајот, имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри на овој автопат каде што влегуваат тунелите и галериите, соопшти Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk