logo
logo
logo

ПРЕД ФИНАЛЕТО

ФОТОГАЛЕРИЈА | ТУНЕЛИ, МОСТОВИ И ГАЛЕРИИ - Се завршува најсложениот дел од автопатот Охрид - Кичево

Vecer | 25.07.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | ТУНЕЛИ, МОСТОВИ И ГАЛЕРИИ - Се завршува најсложениот дел од автопатот Охрид - Кичево

Изградбата на автопатот Охрид - Кичево продолжува со работа на најсложениот дел од трасата, каде се градат тунели, мостови и галерии. Според најавите на министерот за транспорт Александар Николоски, делницата од околу 10 километри треба да биде пуштена во сообраќај во следните месеци.


На терен се работи за изградба на галериите кои се предвидени како решение за стабилизација на земјиштето. Две галерии се завршени, додека на третата продолжуваат градежните активности.


Паралелно се работи на стабилизација на косините, довршување на мостовите и изградба на двете цевки од тунелите.

„Ова беше напуштен проект, проект во којшто никој не веруваше, но веќе се гледа крајот. Имаме 34 - километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе ги отвориме уште 10 километри кои се најкомплицираниот дел од автопатот“ - изјави Николоски.


Тој посочи дека токму оваа делница преставува најголем предизвик поради сложениот терен и потребата од дополнителни инжинерски решенија. 


По завршувањето на новите километри, ќе биде продолжена автопатската врска меѓу Охрид и Кичево, проект кој со години беше во застој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk