logo
logo
logo

Двајца полицајци се хоспитализирани

ПОВТОРНО ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ДО ГРАДИНКАТА И УЧИЛИШТЕТО СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО БУТЕЛ!

Vecer | 30.08.2025

ПОВТОРНО ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ДО ГРАДИНКАТА И УЧИЛИШТЕТО СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО БУТЕЛ!

„До каде ќе оди лудоста !?

Брзата реакција на полицијата и пожарникарите веднаш го локализираа новиот опасен пожар. Дефинитивно станува збор за подметнување со цел опожарување на ново изградената детска градинка.

МВР силно работи на расветлување на случајот, ќе бидат поставени и целовечерни полициски патроли. На терен ќе биде и општинскиот кризен штаб.

Тоа што го градиме треба да го чуваме, овие неразумни пориви нема да не донесат никаде.“ пишува градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Костовски јавно се заблагодари до полицаецот Дарко Стајковски и приправник Филип Стојчевски од ПС Бутел моментално се наоѓаат клиниката за Токсикологија и фала му на Господ двајцата се под надзор на лекарите и нивната здраствена состојба е одлична.

„Полицајците од Бутел на клиниката се наоѓаат поради вдишување јаглерод моноксит при гасење на денешниот пожар !

Ќе се потрудам овој чин да биде забележан од страна на општината со наградување на сите кои учествуваа во гасење на овој високо заканувачки пожар.“, објави Костовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk