logo
logo
logo

ЕЛЕКТРИЧНА ОБНОВА НА ВОЗНИОТ ПАРК

150 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ ЗА СКОПЈЕ - За најповолна повторно избрана понудата на „Икарус“ и ЕВН

Vecer | 23.07.2026

150 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ ЗА СКОПЈЕ - За најповолна повторно избрана понудата на „Икарус“ и ЕВН

Унгарски „Икарус“ и австриската ЕВН повторно се избрани како најповолни понудувачи на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и станици за полнење. Нивната заедничка понуда изнесува околу 51 милион евра. До изборот дојде до повторената тендерска постапка, откако претходниот тендер беше поништен со решение на државната комисија за жалби по јавни набавки. 
Унгарската компанија „Укарус електрик зрт“ заедно со австриската ЕВН дале најповолна понуда на денешната електронска аукција по повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопшти попладнево Министерството за транспорт.

Како што информираат оттаму, електронската аукција е одржана откако пред околу две недели заврши крајниот рок за доставување на понудите на заинтересираните компании на јавниот повик, а во меѓувреме Комисијата за јавни набавки извршила евалуација на доставената документација, во однос на тоа дали ги исполнува условите од тендерот.

До крајниот рок, според соопштението од Транспорт, понуди доставиле четири компании:

  • „Сиемен голден драгон бус ко, лтд“ (Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd);
  • „Јес – ЕУ Деннамр А/С Јутонг“ (YES -EU DENMARK A/S YUTONG);
  • „БМЦ отомотив санаји ве тикарет аноним сиркети“ (BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi) и
  • „Икарус електрик зрт“ (IKARUS Electric Zrt) во заедничка понуда со ЕВН (EVN).

„По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска, и тоа: БМЦ отомотив санаји ве тикарет аноним сиркети“ (BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi) и „Икарус електрик зрт“ (IKARUS Electric Zrt) во заедничка понуда со ЕВН (EVN)“, се наведува во соопштението.

Унгарската и австриската компанија во заедничката понуда на електронската аукција понудиле најниска цена која вкупно изнесувала околу 51 милион евра, односно  околу 322 000 евра без ДДВ по единица автобус и околу 33 000 евра без ДДВ по единица станица за полнење.

По акцијата, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, предложила избор за најповолен понудувач, по што утврден е рок за жалба од десет дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk