logo
logo
logo

ЕДНИОТ Е НА ИНФЕКТИВНА, ДРУГИОТ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ НА КЛИНИКА: Двајцата пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, наводно не патувале надвор од државата

Vecer | 23.05.2025

ЕДНИОТ Е НА ИНФЕКТИВНА, ДРУГИОТ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ НА КЛИНИКА: Двајцата пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, наводно не патувале надвор од државата

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.

Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје.

Според информациите што ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а според нејзините информации другиот се уште не се пријавил на ниту една од клиниките и не е хоспитализиран.

Потенцира дека не се поврзани случаи.

И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk