logo
logo
logo

ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО КРУШЕВО

БАКТЕРИИ ВО ВОДОВОДОТ ВО КРУШЕВО - Водата од чешма не е безбедна за пиење

Vecer | 23.07.2026

БАКТЕРИИ ВО ВОДОВОДОТ ВО КРУШЕВО - Водата од чешма не е безбедна за пиење

Жителите на Крушево во наредниот период треба да избегнуваат да пијат вода од чешма, откако анализите на Центарот за јавно здравје - Прилеп покажале дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна.  Од јавното претпријатие „Комуна“ информираат дека во водата е утврдено присуство на бактерии од црвено потекло и отсуство на разидуален хлор, поради што препорачуваат за пиење да се користи исклучиво пакувана вода се додека не се потврди нејзината исправност. 

„Исто така, при испитувањето на крајпатните чешми бензиска пумпа и ‘Св. Петка’, земени на 20 јули, е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење“, нагласуваат од претпријатието.

Според „Комуна“, водата од градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови, жителите можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.

„Исто така, информираме дека се врши редовно хлорирање на водата и секојдневно се врши контрола на присуството на хлор. Препораките важат сè до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци од водата“, посочуваат од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека Центарот за јавно здравје Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги информира жителите на Крушево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk