logo
logo
logo

ПЕЛИСТЕР Е СПАСЕН: Пеколни 72 часа борба со пламените на непристапен терен

Vecer | 01.09.2026

ПЕЛИСТЕР Е СПАСЕН: Пеколни 72 часа борба со пламените на непристапен терен

После 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени пеколни ноќи на линија на огнот Битката за Пелистер е добиена, соопшти Националниот парк.

„Стануваше збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територија на Македонија, во шума каде доминираат црн и бел бор и соодветно на тоа следуваше една од најкомплексните акции за гаснење на пожар на отворен простор. И покрај неповолните временски услови на терен, акцијата беше успешна благодарение на перфектната и совршена координација на терен помеѓу сите институции кои беа вклучени. Невозможното стана возможно затоа што Единиците на НП Пелистер, ТППЕ Битола, ТППЕ Ресен, маханизација на ЈП од Општина Битола, ЈП Стрежево, Огнените сили на ДЗС, ДПД Архангел, ДПД Кочани, Хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, ер тракторите на ДЗС и голем број приватни стопанственици и други доброволци беа непрекинато на терен без ниту една пауза во текот на целото деноноќие“, се наведува во објавата од Паркот.

Оттаму нагласуваат дека целата поддршка била обезбедена благодарение на Директорот на Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Во исто време да се координираат сите овие сили на еден релативно мал простор и непристапен терен каде паралелно дејствуваат единици на линија на огнот заедно со механизација, а паралелно од воздух дејствуваат воздухоплови е еден страшно сериозен предизвик. Добар дел од овие единици во оваа битка за Пелистер останаа будни и повеќе од 48 часа“, се додава во објавата на Националниот парк Пелистер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk