logo
logo
logo

ЗАБОРАВЕТЕ НА АЛАРМОТ ЗА ВИКЕНД: подолгиот сон може да биде добар за крвниот притисок

Vecer | 31.08.2026

ЗАБОРАВЕТЕ НА АЛАРМОТ ЗА ВИКЕНД: подолгиот сон може да биде добар за крвниот притисок

Ако во текот на работната недела не успевате да се наспиете доволно, викендот можеби е вистинското време да го надоместите изгубениот сон. Нова анализа сугерира дека подолгото спиење за време на викендите, доколку не се претера, може да биде поврзано со помал ризик од висок крвен притисок, а како оптимална разлика се издвојуваат околу еден час и 27 минути дополнителен сон.Новото истражување покажува дека еден до два часа повеќе сон по „долгата недела“ е поврзана со помал ризик од висок крвен притисок.

На светско ниво, повеќе од 1,3 милијарди луѓе имаат хипертензија. Тие се соочуваат со многу поголема опасност од срцев и мозочен удар, заболување на бубрезите и прерана смрт, пишува „Гардијан“ (The Guardian).

И, додека другите начини за избегнување висок крвен притисок се сè уште клучни – тука спаѓаат физичката активност, одржување здрава тежина и здрава исхрана, новите наоди посочуваат дека луѓето слободно може да остануваат до доцна будни за време на викендот, според стручњаците.

Истражувањето беше претставено во Минхен, Германија, на годишниот Конгрес на Европското кардиолошко здружение – најголемата светска конференција за срце. Авторот на научниот труд, д-р Навон Ли од Корејскиот универзитет во Сеул, истакна дека недоволното спиење му дава дополнителен стрес на телото.

– Тоа го тера срцето и крвните садови да работат понапорно и може да го зголеми крвниот притисок. Дополнителниот сон за време на викендот може да му даде шанса на телото да заздрави и да се ослободи од дел од тој стрес. Луѓето не треба да се чувствуваат мрзливо или виновно што спијат малку подолго за време на викенд. Ако не можеле да спијат доволно во текот на неделата, дополнителниот сон за време на викенди, едноставно, може да биде начинот на телото да заздрави од таа загуба на сон – изјави д-р Ли.

Истражувањето следело 40.000 возрасни лица во Јужна Кореја во период од седум години. Надополнувањето на спиењето за време на викендот е дефинирано како разлика меѓу времетраењето на спиењето за време на викендот и работните денови.

Надополнувањето на спиењето за време на викендот беше поврзано со 6 отсто помал ризик од висок притисок. Малку поголема корист е забележана кај луѓето кои се сметале за физички неактивни. Тие имале 6,9 отсто помала веројатност да имаат хипертензија, ако спиеле подолго за време на викенди. Анализата идентификувала бенчмарк од 1 час и 27 минути како „совршена количина“ на надополнување на изгубениот сон, смета Ли. Оние испитаници кои спиеле толку многу повеќе, имаат 9 отсто помала веројатност да имаат висок крвен притисок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk