Претседателот на комората на геодетски експерти на Горна Савоја, Жан де Гар, рече дека варијациите во висината на планината првенствено се поврзани со временските услови.
„Врвот е во постојано движење. Секое поединечно мерење само по себе нема големо значење во контекст на глобалното затоплување, но служи за да се обезбедат податоци што ќе се анализираат со текот на времето“, рече Жан де Гар.
Геодетските експерти од Горна Савоја почнаа да мерат во 2001 година, а врвот, кој се наоѓа на француско-италијанската граница, во тоа време бил висок 4.810,40 метри.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата