logo
logo
logo

Во пресрет на Светски шампионат, Мавровско Езеро порибено со два тона крап

Vecer | 11.05.2026

Во пресрет на Светски шампионат, Мавровско Езеро порибено со два тона крап

Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно до завршувањето на Светското првенство.

Од управата на најголемиот национален парк велат дека ова претставува прва фаза од планираните активности за порибување, а во текот на наредниот период ќе се спроведат повеќе вакви активности со цел збогатување и унапредување на рибниот фонд во водите на Националниот парк Маврово.

– Порибувањето се реализира во соработка со Македонската риболовна федерација и во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи на Мавровското Езеро. Во меѓувреме НП Маврово активно работи на афирмација и промоција на спортскиот риболов, развој на риболовниот туризам и создавање услови за организирање на значајни меѓународни спортски настани, наведуваат од НП „Маврово“.

Во организација на локалната самоуправа, НП Маврово и Македонската риболовна федерација во септември 2026 година треба да се одржи Светското првенство во риболов на крап. По тој повод во март беше потпишан меморандум за соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk