Видео: Голема заплена во Индонезија: 2,6 тони метамфетамин скриени во резервоари за вода

Vecer | 19.08.2026

Видео: Голема заплена во Индонезија: 2,6 тони метамфетамин скриени во резервоари за вода
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Станува збор за една од најголемите заплени на дрога во историјата на земјата, а операцијата била спроведена завчера во близина на Бенгкалис, во провинцијата Риау, пренесува „Еуроњуз“. Бенгкалис се наоѓа во источниот дел на индонезискиот остров Суматра, во провинцијата Риау, долж Малајскиот Проток.

Тоа е област свртена кон Малајскиот Полуостров и се наоѓа релативно блиску до Сингапур. Националната агенција за борба против наркотици соопшти дека добила информација за брод што испловил од Саравак, Малезија. Бродот пловел низ Андаманското Море, а властите се сомневале дека превезува дрога наменета за индонезискиот пазар.

Агенцијата, заедно со царинските службеници, го пресретнала бродот „МВ Рејн Мејкер“ (MV Rain Maker) доцна синоќа и утврдила дека тој пловел под лажно име. „При прегледот на бродот, пронајдовме 2,6 тони течен метамфетамин.

Дрогата била складирана во осум буриња за вода и еден резервоар за вода“, изјави Рој Харди Сиахаан, службеник во агенцијата за борба против наркотици.

Кучиња-трагачи на бродот открија и повеќе од 1,5 милиони нелегални цигари. Уапсени се десет члена на екипажот, сите државјани на Мјанмар. Ова е втора голема заплена во која е вклучен брод под танзаниско знаме во овој регион во текот на месецов.

KAPAL JARINGAN INTERNASIONAL DICEGAT: BAWA 2,6 TON NARKOBA CAIR & 1,5 JUTA BATANG ROKOK ILEGAL! 🚨⚖️ pic.twitter.com/1ljxRbO7XE

— BNN Kabupaten Nunukan (@bnnknunukan) August 19, 2026

На 8 август, индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин од брод во водите околу островите Риау, во близина на Сингапур. Тогаш беа уапсени осум члена на екипажот: седум државјани на Мјанмар и еден државјанин на Тајван.

Минатата година, властите ја забележаа најголемата заплена на дрога во историјата на Индонезија, откако на еден рибарски брод пронајдоа две тони кристален метамфетамин. И тој брод пловел од Андаманското Море кон островот Батам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk