БЕЛАТА Куќа денеска ќе биде домаќин на извршните директори на компаниите за вештачка интелигенција (ВИ), вклучително и Гугл и Мајкрософт на Алфабет, за да разговараат за ризиците и заштитните мерки додека дебатата околу контроверзноста за вештачката интелигенција беснее низ целиот свет, пренесува Ројтерс.
Популарноста на вештачката интелигенција, како што е апликацијата ChatGPT, ги мотивираше компаниите да се обидат да лансираат слични производи. Поддржувачите на таквите апликации велат дека можат да поставуваат медицински дијагнози, да пишуваат скрипти, да создаваат легална содржина и да дебагираат софтвер.
„Мораме да почнеме со управување со ризик“
Милиони корисници почнаа да тестираат такви алатки, што доведе до зголемена загриженост дека технологијата може да доведе до нарушување на приватноста, искривени одлуки за вработување, измами и кампањи за дезинформација.
„Имаме намера да имаме искрена дискусија за ризиците во развојот на вештачката интелигенција“, рече висок претставник на администрацијата, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на ова прашање. „Нашата ѕвезда водилка е дека ако сакаме да ги искористиме предностите на вештачката интелигенција, треба да започнеме со управување со ризик“, додаде тој.
Пред состанокот, администрацијата најави инвестиција од 140 милиони долари од Националната научна фондација за лансирање на седум нови истражувачки институти за вештачка интелигенција. Исто така, администрацијата рече дека Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа ќе објави насоки за владината употреба на вештачка интелигенција.
Ројтерс: Американските регулатори потфрлија
Набргу откако Бајден ја објави својата кандидатура за реизбор, Републиканскиот национален комитет објави видео во кое е прикажана дистописката иднина за време на вториот мандат на Бајден, која е создадена целосно со помош на вештачка интелигенција. Ваквите политички реклами се очекува да станат почести со проширувањето на технологијата за вештачка интелигенција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата