logo
logo
logo

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Vecer | 23.01.2026

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

 Илјадници корисници, инфлуенсери и јавни личности се навраќаат на тој период, споделувајќи стари фотографии и спомени, поттикнати од силно чувство на носталгија. Една од најчесто споменуваните причини е културното влијание на Кајли Џенер, која токму во 2016 година важеше за најпопуларна креаторка во светот на модата и шминката. Нејзиниот изглед- перики во впечатливи бои, нагласени веѓи, долги трепки и мат кармини  беше инспирација за милиони тинејџерки ширум светот.

Во тој период, Кајли Џенер го доживеа и својот најголем деловен успех. Нејзиниот бренд Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics,) основан кон крајот на 2015 година, во 2016 бележи голем раст и приходи поголеми од 300 милиони долари.

Модните трендови од тоа време денес повторно се актуелни: бомбер јакни, искинати фармерки, маици со принт, чокери, како и патики од брендовите: „Адидас, Суперстар и Ванс“. Корисниците на социјалните мрежи, особено младите жени, истакнуваат дека 2016 година ја паметат како период на безгрижност. Тогаш не постоеше притисок секоја објава да биде совршена, а платформите како „Снепчет“ беа исполнети со забавни филтри и спонтани содржини.

Психологот Клеј Рутлиџ за Еј-Би-Си објаснува дека носталгијата најчесто се јавува во периоди на големи општествени промени. Тој укажува дека брзиот развој на вештачката интелигенција и стравот од нејзино влијание врз пазарот на трудот дополнително ги поттикнува луѓето да се навраќаат на минатото.

На трендот се приклучија и бројни инфлуенсерки од Балканот. Меѓу нив е и српската блогерка Зорана Јовановиќ- Зоранах, која истакна дека 2016 година била еден од најинтензивните периоди во нејзиниот живот, исполнет со успеси и со лични предизвици. Според аналитичарите, оваа популарна појава со објавување на фотографии од 2016 година, не е само моден момент, туку одраз на колективна желба за навраќање кон времето што многумина го доживуваат како поедноставно и помалку оптоварено од денешната реалност. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk