logo
logo
logo

Трамп објави уште една серија бизарни слики од вештачка интелигенција

Vecer | 18.05.2026

Трамп објави уште една серија бизарни слики од вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно имаше серија бизарни објави на својата социјална мрежа Truth Social, преплавувајќи ја платформата со слики генерирани од вештачка интелигенција на кои се прикажани вонземјани, ракетни напади и вселенско војување.

Во текот на неколку часа, Трамп сподели околу 25 објави додека тензиите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваа да ескалираат по месеци конфликт на Блискиот Исток.

Меѓу нив е и слика генерирана од вештачка интелигенција од него како оди покрај вонземско суштество, додека во позадина може да се видат агенти на Тајната служба.

На друга слика е прикажан американскиот претседател во вселената, со натпис „Вселенски сили“, опкружен со сателити, како навидум надгледува ракетни напади од орбитата.

На една од сликите е прикажана мапа на Блискиот Исток со стрелки насочени директно кон Иран, а на друга е прикажан американски дрон како напаѓа ирански моторни чамци со натпис: „ЗБОГУМ, ГЛИСЕРИ“.

Трамп, исто така, повторно објави преработена мапа на која Венецуела е прикажана како „51-ва држава на САД“, како и друга мапа која го исмејува демократскиот лидер Хаким Џефрис како личност со „низок коефициент на интелигенција“, покажувајќи како се фрлаат пари низ неговиот округ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk