logo
logo
logo

Трамп: Не ми е гајле дали Иран ќе игра на Светското првенство

Vecer | 04.03.2026

Трамп: Не ми е гајле дали Иран ќе игра на Светското првенство

Иранската фудбалска репрезентација беше меѓу првите кои се квалификуваа за Светското првенство, но по координираните американско – израелските напади врз Иран, прашање е дали земјата ќе настапи на мундијалскиот турнир.

Паралелно со ова, исто така, останува неизвесно дали американската Влада ќе им дозволи на иранските претставници да влезат во САД.

- Навистина не ми е гајле дали Иран ќе учествува. Мислам дека Иран е тешко поразена земја. Тие работат на издувни гасови, рече Трамп во интервју за „Политико“.

Иран треба да игра против Нов Зеланд во Лос Анџелес на 15 јуни, против Белгија на истиот стадион на 21 јуни, а на 26 јуни против Египет во Сиетл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk