logo
logo
logo

Спиеше на под од канцеларија, СЕГА Е ЕДНА ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ВО ТВИТЕР (ФОТО)

Vecer | 25.01.2023

Спиеше на под од канцеларија, СЕГА Е ЕДНА ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ВО ТВИТЕР (ФОТО)

Се сеќавате на Естер Крафорд? Поранешниот директор за управување со производи на Твитер која спиеше на подот од канцеларијата кога Маск делеше отпуштања?

Па, изгледа тој потег и се исплатеше.

Во ноември, Естер ја сподели својата фотографија со коментар: „кога твојот тим работи дење и ноќе со рокови, тогаш спиете каде што работите“.

Сепак, како што пишува Фајненшл тајмс, Крафорд се чини дека остана под покривот на компанијата и на значително подобро место, како една од највлијателните лидери што останаа од старата гарда вработени во Твитер.

Извори за ФТ изјавиле дека Крафорд му се претставила на Маск и обезбедила средба со него еден на еден за да разговараат за плаќањето и креаторите. Овој потег налутил многу високи лидери.

Очигледно на Маск му се допаднало тоа што го слушнал, па од тој момент Крафорд работела на лансирање на сината птица која чини 8 долари.

Таа неодамна е именувана за извршен директор, а упатените велат дека таа е дел од внатрешниот круг на Маск на Твитер - една од само неколкуте жени на оваа позиција.

Како што велат вработените, или ја сакате Крафорд или ја мразите.

Некои ја гледаат како некоја со харизматична енергија потребна за да помогне во трансформацијата на бизнисот на Твитер, додека други ја гледаат како љубезна и опортунистка.

Крафорд се приклучи на компанијата во 2020 година, а претходно работеше како влогер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk