logo
logo
logo

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

Vecer | 18.07.2026

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол.

Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации.

За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица.

Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории.

За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа.

Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети.

Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги.

На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога.

Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk