На гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом се одвиваше необична и драматична акција за спасување, откако од внатрешноста на една семејна гробница се слушаше постoјано мјаукање. Драмата започнала на 1 ноември, за време на празникот Сите Светци, кога посетителите забележале дека во длабочината на гробницата е заглавено престрашено маче. Претпоставките се дека животното се протнало низ некој меѓупростор за време на претходни градежни работи.
Спасувањето не било едноставно бидејќи за отворање на гробниот простор била потребна согласност од семејството и присуство на санитарни инспектори. По неколку неуспешни обиди за извлекување, бидејќи мачето се повлекувало сè подлабоко меѓу ковчезите на неколкуте нивоа од гробницата, спасувачите поставиле хумана замка со храна. По три дена, во вторникот наутро на 3 ноември, мачето конечно било безбедно извлечено и предадено на ветеринарен преглед.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата