Наоми Кембел повторно стана мајка, и тоа на 53 години!

Vecer | 30.06.2023

Наоми Кембел повторно стана мајка, и тоа на 53 години!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Наоми Кембел неодамна повторно стана мајка, и тоа на 53-годишна возраст. Веста за доаѓањето на свет на нејзиното второ дете таа ја објави на Инстаграм. Имено, Наоми сподели прекрасна фотографија на која во прегратка го држи новородениот син додека нејзината едногодишна ќерка ја држи за рака.

Во својата објава на Инстаграм, манекенката истакна дека никогаш не е доцна да се стане мајка, а воедно и ја изрази бескрајната љубов кон синчето кое го опиша како вистински благослов од Бога.

– Мил мој, знај дека си сакан надвор од сите граници и опкружен со љубов од моментот кога нè удостои со твоето присуство, вистински дар од Бога, благословен! Добре дојде момче. Никогаш не е доцна да станеш мајка, напишала Наоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Naomi Campbell (@naomi)

 

Наоми се уште не го открила името на бебето, а и со оваа бременост го потврди статусот на хероина и жена која е инспирација за сите оние припаднички на понежниот пол кои сакаат да станат мајки без оглед на возраста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk