Дијамантот „Оушн Дрим“ е продаден за речиси 13,6 милиони швајцарски франци, вклучувајќи ја и провизијата, „поставувајќи нов светски рекорд на аукција за сино-зелен дијамант“, изјавија за новинарите од „Кристи“.
„Едноставно е извонреден. Го продадовме овој камен во 2014 година за 8,5 милиони долари. Го купи приватен азиски колекционер кој го ценеше многу и го носеше“, изјави за АФП Макс Фосет, меѓународен раководител на одделот за накит во „Кристи“.
„И го продадовме за 17 милиони долари благодарение на активното учество на три различни клиенти од многу различни делови од светот“, кои ги зголемија влоговите, додаде тој.
Овој исклучителен дијамант – најголемиот Fancy Vivid сино-зелен дијамант некогаш регистриран од Гемолошкиот институт на Америка (GIA) – е исечен во триаголна форма.
„Беше ископан на почетокот на 2000-тите во централна Африка“, објасни Фосет.
Од аукциската куќа објаснија дека купувачот не сакал да го открие својот идентитет.
Инаку, според Фосет, овој дијамант е со големина на мал нокт на прст.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата