Мајка и нејзиниот партнер до смрт претепале 4- годишно дете во Германија,па лажеле дека паднало

Vecer | 15.01.2023

Мајка и нејзиниот партнер до смрт претепале 4- годишно дете во Германија,па лажеле дека паднало
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Мајката на момчето (28) и нејзиното момче (33) од вчера се во притвор. Триесетгодишниот маж е осомничен дека го претепал детето до смрт.

Извори од истрагата велат дека жената не го спречила, пишува Билд.

Мајката се јавила на 911 околу 08:20 часот во петокот. Таа рекла дека го нашла детето мртво во креветот.

Обидите за реанимација не успеале, а лекарот од итната помош можел само да ја констатира смртта на момчето.

Двојката тврделе дека малото дете паднало по скали - но ова било истражено од судскиот вештак. Обдукцијата покажала дека сериозните повреди не може да се припишат на пад.

Како што соопштија од јавното обвинителство, судијата распишал налог за апсење на мажот за убиство од небрежност и против мајката на момчето за тешка злоупотреба на лице поради непостапување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk