Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп

Vecer | 16.01.2026

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп ќе го задржи одликувањето.

- Марија ми ја даде својата Нобелова награда за мир за работата што ја завршив. Прекрасен гест на меѓусебно почитување. Ти благодарам, Марија!, објави Трамп на социјалните мрежи.

Мачадо го опиша состанокот како „одличен“, истакнувајќи оти подарокот е признание за посветеност на Трамп на слободата на венецуелскиот народ.

Иако Мачадо му го додели на Трамп златниот медал што го добиваат лауреатите, наградата формално останува нејзина. Норвешкиот Нобелов институт соопшти дека наградата не може да се пренесе, сподели или одземе.

По средбата во Белата куќа, Мачадо се сретна со повеќе од десетина сенатори, и републиканци и демократи, на Капитол Хил.

Мачадо во декември избега од Венецуела. Нејзе и беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk