logo
logo
logo

Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.

Vecer | 15.08.2026

Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.

Една италијанска банка го прифаќа кашкавалот „Пармиџано Реџано“ како залог за кредити и однапред им исплаќа на производителите меѓу 60 и 80 проценти од вредноста.

Кашкавалот кој се произведува во големи бакарни казани, и на крајот завршува како големо тркало.

Секое од нив тежи околу 40 килограми, а за неговото производство се потребни приближно 550 литри млеко.

По солењето во саламура, тркалата се редат на дрвени полици, каде што зреат најмалку 12 месеци, а многу од нив и по две до три години.

Токму овој долг процес на зреење создава проблем што нема многу врска со вкусот.

Производителот на млеко има трошоци на секои 30 дена, додека пари од готовиот производ – сирењето – добива дури по една или две години.

Помеѓу овие две точки постои јаз кој со векови претставува сериозен проблем за малите производители, бидејќи за време на зреењето нивниот капитал е практично „заробен“ на полиците.

Решението што се применува во Емилија банка веќе седум децении звучи речиси неверојатно, но всушност претставува многу сериозен банкарски производ: сирење како залог за кредит.

Италијанската банка „Credito Emiliano“ (позната како „Credem“) од Реџо Емилија ја спроведува оваа практика уште од далечната 1953 година.

Производителот ги носи младите тркала од „Пармиџано Реџано“ во магацинот на банката; банката ги презема, ја проценува нивната вредност и одобрува кредит во висина од 60 до 80 проценти од таа вредност.

Во меѓувреме, сирењето останува во магацинот на банката како залог и продолжува да зрее. Кога производителот ќе го отплати кредитот, сирењето го презема назад и го продава. Доколку не успее да го врати долгот, банката располага со стоката – која во меѓувреме честопати вреди повеќе отколку на денот кога била примена, што е прилично невообичаена карактеристика кога станува збор за залог.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk