logo
logo
logo

КАКОВ БИЗНИС! Се изнајмуваат часовници на ДВА ДЕНА и тоа за неверојатни суми!

Vecer | 12.01.2025

КАКОВ БИЗНИС! Се изнајмуваат часовници на ДВА ДЕНА и тоа за неверојатни суми!

Најнов тренд во соседството а кој „слепо“ го следат некои мажи и жени кои сакаат да бидат видени и забележани е изнајмувањето скапи брендирани часовници. Целта на ваквиот потег освен за да бидат забележани кога излегуваат е и за да добијат повеќе лајкови на социјалните мрежи, а за тоа плаќаат многу пари.

На социјалната мрежа Х се појави објава за овој нов тренд, која шокираше многу корисници, а судејќи по реакциите, многу граѓани не ни знаеја за оваа нова мода.

- Во Белград господата изнајмуваат скапи часовници за викенд со депозит. Од петок до недела. Но, кога ќе излезете во клубот, морате да го подвратите ракавот и да ја држите раката високо во воздух, се вели во објавата, под која се само се нижат коментари.

- Не ми е јасно како веднаш знаат каков часовник е и колку чини, јас и не го забележувам часовникот, или можеби каква боја е, се запрашала една жена, додека друга додала: - Топ бизнис идеја! Ќе инвестирам во неколку Ролекси и ќе ги изнајмувам за викенд.

- Луксузот мора да се забележи, инаку нема цел.

На Фејсбук се појавуваат и огласи во кои се наведува дека брендираните часовници се достапни за изнајмување за еден ден, викенд, недела или подолго.

Неодамна низ тамошните медиуми се пишуваше за девојките и жените кои изнајмуваат скапи брендирани чанти, а експертите оваа појава ја оценија како социјален проблем. За изнајмување на ваква чанта, жените во Србија плаќаат од 3.800 до 5.800 динари дневно, со потпишан договор и депозит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk