logo
logo
logo

Исповеди на Редит: „Поради овие ситуации семејствата се откажале од децата“

Vecer | 21.10.2026

Исповеди на Редит: „Поради овие ситуации семејствата се откажале од децата“

Двајца корисници на Редит, според Bored Panda,  ги прашале родителите зошто се откажале од своите деца, а во расправата се вклучија бројни лица, некои и самите доживеале отфрлање, а другите раскажале за роднини и пријатели кои ги снашло истото.

Сè измислила

„Еднаш се гледав со девојка чии родители се откажале од неа. Искрено, да бев нејзин татко, веројатно и јас ќе се откажев. Таа ми кажа дека татко ѝ ја тепал и во неколку наврати ја допирал на несоодветен начин. Ги повикала социјалните служби и го пријавила. Тие ја извадиле од домот на родителите и ја сместиле во установа за привремено згрижување.

Мајка ми практично ја посвои истиот ден. Беше со нас секој ден; ѝ купивме облека за да ја замениме онаа што ја изгубила, а таа поминуваше многу време кај нас. Нејзините родители постојано велеа дека лаже, дека не ја знаеме нејзината вистинска природа и дека наскоро ќе ја дознаеме.

Неколку недели сè беше во ред. Потоа работите почнаа да се менуваат. Од установата се јавуваа за да разговараат со неа кога не беше кај нас, а таа им рекла дека е кај нас. Ние мислевме дека таа е таму. Излезе дека ноќе се искрадувала за да оди на забави и не се враќала.

Потоа дознавме дека користи тешки дроги. Подоцна откривме дека ги продала работите што мајка ми ѝ ги купи за да набави алкохол. Ми украде „Нинтендо ДС“ (Nintendo DS) и го продаде за да купи уште дрога и алкохол. Постојано лажеше и генерално почна да се однесува токму онака како што нејзините родители нè предупредија дека ќе се однесува.

Татко ѝ побара да разговараме насамо – „како маж со маж“. Се согласив. Ми кажа дека таа го прави ова постојано: наоѓа некој што може да го искористи, а потоа ќе се погрижи...“ ...да ја избркаат од дома за да може да се забавува и да си го уништува животот. Разговарав со нејзините браќа и сестри, сите рекоа дека родителите им се добри луѓе и дека сето тоа го измислила.

На крајот, се соочив со неа, призна дека целата приказна ја измислила. Само сакала да си замине од дома и немала намера да се врати. Ја оставив и ѝ кажав на полицијата што знам. По истрагата, татко ѝ беше ослободен од обвиненијата, колку што знам јас. А, семејството никогаш не ја прими назад. „Подоцна слушнав дека забременила и дека не знаела кој е таткото, бидејќи купувала дрога за секс. Оттогаш не сум слушнал ништо за неа“, открил корисникот.

Заборавеното дете

Еден читател напишал: „Не знам дали ова се важи. Бев посвоен во петто одделение од пар што не можеше да има деца. Потоа, благодарение на нов вид третман, тие добија биолошки деца кога јас бев во прва година средно училиште. Потоа се преселија во друга сојузна држава – без мене.

Средното училиште го завршив живеејќи во семејството на мојата шефица. Таа имаше сопруг и две ќерки на приближно иста возраст како мене.“

Враќање дома

Се најде и ваков коментар: „Брат ми се гледаше со една девојка околу две години. На почетокот таа беше навистина мила, но потоа се промени и го покажа своето вистинско лице.

Таа го навлече брат ми на Ксанакс, а еден ден тој ме претепа затоа што ѝ дадов премногу храна на нашата мачка. Раката ми крвареше откако ме фрли врз масичката во дневна. Се заклучив во собата на тато, но тој успеа да ја отвори бравата. Никогаш во животот не сум се чувствувал толку исплашено.

Тато набргу се врати дома и ме спаси. Брат ми беше избркан од дома, а семејството се откажа од него. Тој раскина со таа луда девојка, си го среди животот и се врати дома по една година. Денес, нашиот однос е подобар од кога било.“

Верата пред семејството

„Моите родители биле отфрлени од нивните сопствени родители. Родителите на мајка ми се откажале од неа кога одлучила да се омажи за црнец, иако таа е бела. Со години немале никаков контакт – сè додека не се роди сестра ми. Тогаш сфатија што пропуштале со тоа што не му дале шанса на татко ми.

Баба ми ми кажа дека длабоко зажалила и одлучила да се смири со нив. Таа и дедо ми одвоија време да го запознаат татко ми и на крајот многу го засакаа. Таткото на татко ми се откажал од него бидејќи тој одбил да стане Јеховин сведок. Дедо ми бил крајно посветен на својата религија и го напуштил татко ми кога тој имал само седум години.

Се виделе можеби вкупно пет пати. Кога татко ми почина, сестра ми и јас го посетивме дедо ми во домот за стари лица. Не разговаравме за тоа дали се кае за својата одлука или не; едноставно уживавме во времето поминато заедно. Тој не беше лош човек – едноставно беше неверојатно посветен на својата религија“, сподели еден читател.

Преиспитување на верата

Друга личност се вклучила во разговорот: „Братот на еден мој стар пријател беше отфрлен од своите родители бидејќи почнал да ја преиспитува Библијата. Не ги знам сите детали, но ситуацијата била таква што нивните многу строги правила и очекувања го натерале да се побуни. Признавам дека во средно училиште минуваше низ фаза кога беше прилично тежок, но колку што знам, неговото однесување беше типично за тинејџер – останување надвор до доцна, криење од родителите што прави со пријателите, сексуални односи со девојката, веројатно консумирање алкохол иако е малолетен, и слично.

А, неговите родители беа луѓе кои сметаа дека е неприфатливо да се пропушти дури и една од трите миси на кои присуствуваа секоја недела. Се сеќавам како една моја пријателка – која исто така беше многу конзервативна, но сепак добра личност – ми кажа дека стравува оти нејзиниот брат отишол предалеку и дека за него нема спас, бидејќи рекол: 'Што ако Библијата е само обична книга?'

Јас сум атеист и таа го знае тоа, па не можев баш да ѝ понудам сочувство од истата перспектива. Се обидов благо да ѝ објаснам дека преиспитувањето на религијата е дел од здравото растење, но таа едноставно не можеше да сфати како некој може да ги доведе во прашање учењата на Црквата“.

Нема втора шанса

„Не бев отфрлен, но ги прекинав врските со човекот кого општеството го нарекува мој ‚татко‘. Накратко, моето семејство се пресели овде од Порторико кога имав пет години. Тој одлучи дека има поважни работи за правење и си замина по својот пат. Ја остави мајка ми сама да се грижи за мене и за сестра ми.

Поминавме низ многу тешкотии и, да не беа тетка ми и вујко ми, се сомневам дека ќе станев ова што сум денес. На мојот 18-ти роденден, тој се јави за да ми каже дека е горд на мене.

Ми беше преку глава, па едноставно му реков: ако не сметаше дека сум доволно важен за да бидеш дел од мојот живот тогаш, не гледам причина да бидеш дел од него сега кога имам 18 години.

Не чувствувам омраза, но нема шанси тукутака да се јави после сите тие години и да се преправа дека сè е совршено“, заклучи корисникот.

Години на вина

Имаше и еден ваков коментар: „Татко ми се откажа од мене кога имав 20 години бидејќи одбив да се оженам со неговата внука – ќерката на неговата сестра. Таму од каде што доаѓам, тоа е прилично вообичаено.

Мајка ми се откажа од мене шест месеци претходно, бидејќи ѝ беше преку глава. Еден ден се вратив дома од училиште и немаше никој. Речиси десет години се обвинував себеси.“

Поставени се граници

„Нашата посвоена ќерка, која сега е возрасна, почна да нè игнорира, да користи дрога, се врати кај своето биолошко семејство, забремени, се омажи за некој клошар и ширеше лаги за нас. Таа одбива да разговара со своите посвоени браќа и сестри.

Ништо од она што го направивме не го оправдуваше таквото однесување кон нас. Таа едноставно е целосно надвор од контрола. Решив дека е доста, бидејќи нема повторно да го изложувам семејството на сето тоа“, откри еден читател во коментар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk