Суспендирањето на развојот на напредни системи за вештачка интелигенција ширум светот и строго казнување на оние кои ја прекршуваат забраната е единствениот начин да се спаси човештвото од исчезнување, предупреди истакнат експерт од областа на вештачката интелигенција.
Елиезер Јудковски, еден од основачите на Истражувачкиот институт за вештачка интелигенција МИРИ, во авторски текст за „Тајм“ под наслов „Не е доволна пауза во развојот на вештачката интелигенција. Мораме сето тоа да го затвориме“, причините зошто тој не се приклучи на петицијата на група светски експерти од областа на вештачката интелигенција, меѓу кои и Илон Маск, која бара шестмесечен мораториум за развој на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4.
Јудковски смета дека ограничениот мораториум не е доволен за решавање на проблемите кои произлегуваат од брзиот и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, туку дека мора да се преземат уште подрастични мерки - неограничен и светски мораториум наместо пауза.
- Најверојатниот исход од создавањето на натчовечки интелигентна вештачка интелигенција, под какви било околности што дури и оддалеку наликуваат на сегашните, е дека буквално се на Земјата ќе биде уништено - смета Јудковски.
Според него, човештвото сè уште не е подготвено да се справи со суперинтелигенција помоќна од GPT-4, бидејќи за контрола се потребни понапредни технологии.
– Доволно интелигентната вештачка интелигенција нема долго да остане ограничена на компјутери – напиша меѓу другото Јудковски, пренесе РТ.
Тој тврди дека веќе е возможно да се испратат секвенци на ДНК по е-пошта до лабораториите, што може да и овозможи на вештачката интелигенција да „изгради вештачки форми на живот или директно да се вклучи во пост-биолошко молекуларно производство“.
Јудковски апелира веднаш да се воведе неограничен и светски мораториум на развојот на вештачката интелигенција.
- Не може да има исклучоци, вклучително и влади или армии - нагласи тој.
Да потсетиме дека во отвореното писмо објавено на веб-страницата „futureoflife“, технолошките лидери во областа на вештачката интелигенција побараа мораториум на истражувањето додека не се воспостави безбедносен систем, вклучително и специјални регулаторни тела за надзор на системи и техники за вештачка интелигенција што ќе помогне да се направи разлика помеѓу реалното и реалното, од вештачкото, како и институциите способни да управуваат со „драматичните економски и политички нарушувања (особено на демократијата) што ќе ги предизвика вештачката интелигенција“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата