Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Vecer | 30.04.2025

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Според измените, кои финскиот парламент ги одобри вчера, а ќе стапат во сила на 1 август, мобилните уреди ќе бидат строго ограничени за време на наставата, пренесува Гардијан.

На учениците ќе им биде дозволено да ги користат само со дозвола на наставникот поради здравствена причина или за учење.

Финска е најновата европска земја која воведе законски ограничувања за употребата на телефони и други мобилни уреди во училиштата поради сè поголемиот број докази за нивното влијание врз децата и младите, вклучувајќи го вниманието и самодовербата.

Претходно годинава, Данска соопшти дека ќе забрани мобилни телефони во сите училишта.

Претседателот на финската комисија за благосостојба, Расмус Мејер за Гардијан изјави дека мерката е неопходна за да се спречи училиштата да бидат „колонизирани од дигитални платформи“ и го повика остатокот од Европа да го следи нивниот пример.

Ограничувања за мобилните телефони воведе и Франција, која во 2018 година им забрани на учениците од основните и средните училишта користење телефони во училишните простории, како и Норвешка, која неодамна објави строга минимална старосна граница од 15 години за користење социјални мрежи. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk