logo
logo
logo

Еве што ги одбива мажите од девојка што им се допаднала на прв поглед

Vecer | 10.08.2026

Еве што ги одбива мажите од девојка што им се допаднала на прв поглед

Еден корисник на Редит, поставил прашање: „Мажи, што е она што во еден момент ве префрла од „Едвај чекам да те видам“, до „Нема шанси, што се случи“? При што коментирале стотици мажи.

Непочитување и безобразие

„Паркираше на паркинг-место за инвалиди, кое беше на мојот сосед, не сакаше да го помести автомобилот, тоа за мене беше крај“.

„Една девојка беше неверојатно безобразна со келнерот. Неколку реченици изговорени со одвратен тон „јас сум над тебе“, беше доволно сосема да се оладам“.

„Пред да ја запознаам сопругата, излегував со една девојка за која мислев дека е „онаа вистинската“. Имавме три фантастични средби, бевме на планинарење, се качувавме на карпа, трчавме заедно... На четвртата средба ја одведов во еден убав „од фарма на трпеза“ ресторан, чијшто сопственик го познавав. Мало интимно место со неколкумина вработени. Таа девојка еден од келнерите го третираше како ѓубре. Не ми се веруваше, бев ужаснат. Прекинав да се гледам со неа на паркингот, се вратив во ресторанот и се напив пијачка со сопственикот и келнерот, а на келнерката и оставив голем бакшиш. Таа келнерка сега ѝ е сестра на мојата сегашна жена.“.

„Рече дека ќе се залета и ќе скокне на мојот кауч. Ѝ реков да не го прави тоа. Сепак, скокна пред мојот цимер. А, само што го купивме каучот, кој стоеше на свежо исполиран паркет.“

„Постојано го поместуваше договореното време. Кога конечно цврсто се договоривме нешто, бев на половина пат од кафулето и таа повторно ми прати порака велејќи дека ќе задоцни десет минути. Иритантно, но во ред. Чекав дваесет минути по договореното време, без никаква порака од неа, потоа станав и си заминав. Половина час подоцна ми прати порака прашувајќи ме каде сум. Никогаш не ѝ одговорив. Не поднесувам луѓе кои не го почитуваат туѓото време.“

„Фрли ѓубре на подот од трговскиот центар. Кога ја погледнав за да го собере, ми рече: „Без гајле, ќе исчисти некој што е платен за тоа.“ Отидов во тоалет и исчезнав.“

„Еден час откако се сретнавме, ми раскажа како купувала половен велосипед од еден постар господин кој го нарече „бескорисен маж“ затоа што не се понудил да го стави во нејзиниот автомобил.“

„Отидовме на прошетка во паркот каде што имаше кафуле. Ѝ кажав дека сум гладен и дека ќе купам сендвич, ѝ понудив и нејзе. Таа рече дека не е гладна. На крајот ми проговори дека е непристојно што сум јадел додека таа не јаде“.

„На третото излегување, таа зеде кучето за да го прошета. Кога кучето се искака во нечија цветна градина, таа рече дека нема кеса. Ѝ понудив да земам, но таа збесна: „Не, остави. Во ред е, стално правам вака. Биоразградливо е.“ Тоа не беше некаде во природа, туку во нечија градина. Сепак најдов неколку марамчиња и собрав по кучето. Цело време ме навредуваше и ми префрлаше, без „благодарам“ или „извини“. Тогаш последен пат разговарав со неа.

Загрижувачки ставови и верувања

„Ми рече дека мисли оти ЛГБТ луѓето се морничави и страшни.“

„Се испостави дека е антисемитски настроена. Немам ништо против критикувањето на Израелската влада. Но, сум против верувањето дека сите Евреи се дел од некоја организирана кабала што сака да завладее со светот. Простете ми, но тешко ми е да поверувам дека Рик Моранис е дел од каква било завера.“

„Дозна дека сум земјоделец и изјави дека „фармите се загуба за земјата и треба да се претворат во предградија со убави куќи“. И додаде: „Повеќето луѓе сепак купуваат храна од маркетите.“ Тој ден ја изгубив вербата во човештвото.“

„Едно девојка ми кажа дека не верува во диносауруси. Тоа беше интересно.“

„На првиот состанок, ѝ спомнав дека неодамна ми умре мачката. Реков дека мојот Бандит ме чека сега на Небото. Ми рече дека тоа е невозможно бидејќи животните немаат души. Сметката, ве молам!“

„Во еден разговор за семејството, ѝ кажав дека имам брат со интелектуална попреченост. После тоа, најмалку пет пати го употреби навредливиот термин „ретардиран“.

„Кога зборуваше за тоа како би се откажала од сопствените деца ако се воспостави дека се хомосексуалци.“

Љубомора, контрола и чудни очекувања

„По нашата прва физичка средба, околу еден час подоцна, таа почна да ми кажува да не се дружам со ниту една од моите пријатели. Стана екстремно љубоморна и посесивна. Ѝ кажав што треба за да ја смирам ситуацијата и си заминав без борба. Повеќе никогаш не ѝ се јавив.“

„Додека бевме голи во џакузито за прв пат... таа надолго и нашироко зборуваше за сите маани на нејзиниот поранешен сопруг. Потоа гордо раскажа како го научила својот син тинејџер дека мора да го истепа секој што го почитува. На крајот, јасно ми стави до знаење, дека сака маж кој попрво би се степал отколку што би разговарал доколку некој се расправа со неа. Ѝ реков да преспие во гостинската соба и да го презакаже летот за следниот ден. Беше неверојатно токсична.“

„Запознав самохрана мајка, изгледаше фина. Кога ја прашав што работи за живот, таа рече дека е домаќинка. Кога ја прашав што планира да прави кога ќе се врати на работа. Таа рече дека не се враќа на работа; бара „вистински маж“ кој ќе се грижи за неа и нејзините деца. Јас волонтирам, одгледувам зеленчук за сиромашните, одам на лов и риболов затоа што го сакам тоа. Таа не бараше „вистински маж“. Таа сакаше банкомат.“

„Две работи: постојано сите ги озборуваше (пријателите, семејството, странци) и не можеше да престане да се жали за поранешните момчиња и колку лошо се однесувале кон неа.“

„На нашата втора средба, почна детално да зборува за платите, и за тоа чии деца во која соба да спијат кога таа ќе се всели кај мене. Тоа целосно ме олади, а добро се согласувавме. Едноставно не можев да преминам преку тоа.“

„Дознав дека има уште еден тип кој е убеден дека ѝ е дечко - биле заедно четири месеци, спиеле, си изјавувале љубов. Таа, од друга страна, мислела дека „не се во сериозна врска“ и го излажала за тоа каде се наоѓа таа вечер додека беше излезена со мене.“

„Ја однесов во луксузен ресторан и таа буквално не јадеше ништо. Нарачав вино и риба, а таа само грицна леб и тоа беше тоа. А, навистина сакаше да оди таму...“

„Ме праша колку заработувам по десет минути разговор. Си заминав.“

„Ми кажа дека нејзините родители ја принудиле да раскине со љубовта на нејзиниот живот, која била жена, па сега морала да излегува со мажи. Ѝ реков, не, благодарам

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk