Дали знаете што се прави со првото велигденско јајце од минатата година?

Vecer | 18.04.2022

Дали знаете што се прави со првото велигденско јајце од минатата година?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Првото вапсано јајце во домаќинството се нарекува чуваркуќа, бидејќи како што самото име говори, ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло. Мајките ги тријат децата со тоа јајце по образите и рамената за да бидат румени и здрави.

Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден. Кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.

Другин обичаи кажуваат дека првото велигденско јајце од лани, треба да го закопате во земја. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, но не мора. Она што не треба да го направите е старото црвено јајце полно со негативна енергија да го чувате и понатаму во домот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk