На денешен ден, 4 август 1944 година, згаснала последната надеж во тајното засолниште во Амстердам кога Гестапо упаднал и го уапсил семејството Франк. Меѓутоа, благодарение на неверојатната храброст на една жена, приказната за младата Ана Франк не замина во заборав.
На самиот спомен на името на Ана Франк, многумина најпрво се сеќаваат на училишната лектира, а потоа на потресните страници кои ги опишуваат реалните ужаси и изолацијата на едно семејство за време на Втората светска војна.
Сепак, за целиот свет, нејзиниот дневник стана најдопирливиот симбол на страдањето во Холокаустот. Интересно е што нејзините записи беа пронајдени дури по војната, кога во јавноста истапи Германката Мип Гис.
Мип поминала низ пеколот уште како дете
И Мип како дете ги почувствувала последиците од војната. Поради гладот и немаштијата, како единаесетгодишно девојче била испратена во Холандија, во хранителско семејство. Иако била странка, брзо се вклопила, го научила јазикот и стекнала пријатели. Но, кога нацистичките идеи почнале да се шират низ Европа, Мип се naшлa пред морален избор. Одбила да се приклучи на нацистичкото здружение, и поради тоа ѝ се заканувала депортација назад во нацистичка Австрија. За да остане во Холандија и да ја избегне судбината на илјадници депортирани, се омажила за својот свршеник Јан, член на холандското движење на отпорот. Било тоа брак склучен од љубов, но и од очај.
Мип се запознава во фирмата што ја води таткото на Ана Франк
Недолго потоа, Мип се вработила во фирмата „Опекта“, каде што го запознала својот шеф, Ото Франк, кој во Амстердам го довел своето семејство бегајќи од прогонот во Германија.
Мип и нејзиниот сопруг се зближиле со семејството Франк и им помагале, а посебно им била драга неговата ќерка Ана. Кога нацистите ја окупирале Холандија, Мип и уште тројца вработени презеле одговорност да се грижат за семејството Франк ‒ им носеле храна, вести од надворешниот свет и ги криеле.
Во тајното засолниште се доселило и семејството ван Пелс и забарот д-р Пфефер. Мип, за да не привлече внимание, купувала само по една намирница, набавувајќи стока од црниот пазар. Тајната ја чувала од сите, дури и од најблиските.
Упад на нацистите и почеток на крајот
На 4 август 1944 година, тајната повеќе не можела да опстане. Нацистите, по дојава која ниту денес не е разјаснета, упаднале во зградата и ги уапсиле сите скриени луѓе. Мип гледала како ги одведуваат Франкови. Не можела да го спречи злото, но се обидела ‒ одела во полиција, нудела мито, барала одговори. Сè било залудно. Сепак, тогаш направила нешто што подоцна ќе стане споменик на едно ужасно време ‒ се вратила во тајното засолниште и ги пронашла тетратките и хартиите. Тоа бил дневникот на Ана.
Не го уништила, туку го скрила во фиока, сè со надеж дека еден ден ќе ѝ го врати на Ана. За жал, оваа желба никогаш не ѝ се остварила.
Ана умрела од тифус во март 1945 година, само неколку недели пред крајот на војната. Преживеал само Ото.
„Прочитајте како ви ја убија ќерката“
Кога Ото се вратил, скршен и сам, Мип тихо му ги предала тетратките и му рекла:
„Ова е наследството на вашата ќерка. Прочитајте, татко, како ви ја мачеа, па ја убија ќерката.“
Из тие зборови, од болката и криењето, се родила книгата која го протресе светот. „Дневникот на Ана Франк“ стана сведоштво за едно изгубено детство, за едно време, за една борба. Преведен е на повеќе од 70 јазици и е продаден во милиони примероци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата